Министерот за економија Крешник Бектеши, упати апел до пратениците, утре да ги изгласаат законските измени за намалување на ДДВ и акцизата.
„Приоритет на секоја земја, но и на Северна Македонија во вакви случаи е одржување на животниот стандард на граѓаните. Затоа, ги повикувам сите пратенички групи во Собранието дека не е време за политика, туку во рекордно време да се соберат и да се одобрат измените на законот за данокот на додадена вредност и акцизата, бидејќи секое чекање или пролонгирање на усвојувањето од истите закони ќе се заснова на формирање на цени само од цените кои се моментално на светските берзи, вклучително и нафтените деривати, цената на пченицата и пченката и истовремено сончогледовото масло каде што е глобално познато како најголем производител не само на европскиот континент, но и на глобално ниво е Република Украина.
Затоа утре, врз основа на можностите на Собранието и процедурите, очекуваме дека токму овие закони ќе бидат одобрени со што веднаш ќе започне имплементацијата на истите и веднаш ќе се почувствува ефектот и влијанието од овие измени во форма на нови цени, било да се тоа цени на храна или на нафтени деривати,“ рече Бектеши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рафтовите во продавниците нема да останат празни, тврди Бектеши за „еМагазин“
Лебот, сончогледовото масло за јадење и брашното ќе се продаваат по набавна цена