еМагазин
Image default
Бизнис

Централна кооперативна банка со зголемена добивка

Централна кооперативна банка во првите три месеци од годината оствари добивка од 34,7 милиони денари, што е за 12% подобар финансиски резултат во однос на третото тримесечје од претходната 2022 година, соопшти Банката преку Македонската берза.

Банката бележи пораст на вкупната актива/пасива од 5% и надминување на поставениот план за 1.4%.

-До третото тримесечје од 2023 година, евидентиран е мал пораст на кредити на и побарувања од други комитенти во однос на крајот на годината, при што забележан е пад во однос на планот од 2.2%.

Паричните средства и парични еквиваленти се зголемени за 27.5% и надминати над планот за 11.2%. Позицијата вложувања во хартии од вредност е значително повисока во однос на крајот на  претходната година, и повисока од планот за 17.6%.

Позицијата останати побарувања е значително пониска во однос на крајот од минатата година за 63,3% и пониска во однос на планот за 61,7%. Оваа позиција во Билансот на состојба значително отстапува од претходната година како резултат на евидентираната авансна исплата на пензиите на крајот од месецот, која во текот на 2023 година не се исплатува однапред.

Позициите нематеријални средства бележат пораст во однос на крајот на минатата година, кој се должи на набавка на лиценци, додека кај позицијата недвижности и опрема е забележано незначително зголемување како резултат на континуирана амортизација на овие средства.

Позицијата преземени средства бележи зголемување како резултат на преземено средство – деловен простор во Куманово кое не е предвидено во планот.

На 30 септември 2023 година, билансната вредност на издадените конвертибилни обврзници бележи пад во однос на крајот на минатата година како резултат на исплатената камата во текот на март 2023 година. Вредноста на издадените конвертибилни обврзници е искажана во позицијата субординирани обврски.

Позицијата депозити на други коминтенти е речиси на ниво од претходната година, но 3,9% пониска во однос на планот што се должи на пренасочување на депозитната база на правни лица кон вложувања во државни обврзници, во услови на пораст на каматните стапки на истите, велат од таму.

Во услови на растечка инфлација и општ пораст на каматните стапки во банкарскиот сектор, Централна кооперативна банка ги зголеми каматните стапки на депозитите што предизвика зголемување на расходите за камати за 27.2% во однос на истиот период минатата година, додека остварените расходи за камати во известувачкиот период се повисоки за 8% во однос на планираните, посочуваат од таму.

-Растечката економска криза и инфлаторните трендови влијаеја врз пазарот на капиталот и соодветно врз политиките на регулаторот и се создадоа услови за прекин на континуираниот и долгогодишен тренд на намалување на активните каматни стапки на ниво на банкарски сектор.

Ефектите од ваквата промена на трендот се чувствуваат во текот на 2023 година со пораст на вкупниот каматен пондер кај кредитите, при што Банката оствари повисоки вкупни приходи од камати за 12.5% во споредба со истиот период минатата година.

Притоа, Банката успева да го одржи стабилно портфолиото на постоечки кредити и да го задржи високиот квалитет на истото. Во услови на силна конкурентска борба во текот на годината и одржувањето на висока конкурентност кај продуктната понуда на Банката, забележан е повисок нето-каматен приход во однос на истот период претходната година од 7,1%.

Во септември 2023 година, забележан е пораст на приходите од провизии за 8,8% во однос на истиот период минатата година и надминување на планот за 3,4%. Тој пораст придонесе кон пораст на позицијата нето-приходи од провизии и надомести за 8.6%, во однос на истиот период претходната година, додека планот е надминат за 3.6%.

Позицијата трошоци за вработените бележи значителен пораст во однос на истиот период претходната година и во однос на планираниот за 3.6%.

Позицијата останати расходи од дејноста бележи пораст од 6% во однос на истиот период минатата година, додека во однос на планот, остварени се пониски останати расходи од дејноста за 2.8%.

Останатите приходи од дејноста се пониски од планираните за 27.3%, но се 28.9% повисоки во однос на третото тримесечје од 2022 година.

До второто тримесечје од 2023 година реализирани се речиси повисоки нето–приходи од курсни разлики за 22.1% во однос на истиот период минатата година.

Расходите за амортизација се пониски во однос на истиот период минатата година, но се на ниво на планираните.

Со 30 септември 2023 година, евидентно е зголемување на издвоените резервации за кредитните изложености, при што е издвоена исправка на вредноста на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа во износ од 10 милиони денари, односно забележано е зголемување на оваа позиција за 3,5 милиони денари во однос на истиот период минатата година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку пари чувале граѓаните во Централна кооперативна банка во првото полугодие

Централна кооперативна банка со зголемена добивка во првото полугодие

Централна кооперативна банка лани со добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поевтинуваат дизелот и екстра лесното, цената бензините останува непроменета

Редакција

Горан Тодоров избран за член на Одборот на директори на Тутунски комбинат Прилеп

Редакција

Неколку големи клиенти ги набилдаа „лошите“ кредити кај банките

Редакција