еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Четиримесечно бебе од Кочани најмлад пациент заболен од коронавирусот во Македонија

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција информираше дека мајка и четиримесечно бебе од Кочани се лекуваат од коронавирусот на Инфективната клиника во Скопје.

„На Клиниката е примена мајка и четиримесечно бебе од Кочани кои во моментот имаат стабилна клиничка слика, секојдневно се пратат од страна на педијатар со некоја сосема лесна форма на анемија и исип.

Бебето е во стабилна здравствена состојба и без потреба од респираторна поддршка“, рече Филипче.

Пред неколку дена епидемиологот од Институтот за јавно здравје, Владимир Микиќ на прес конференција во Владата, рече дека во Македонија од корона вирусот се заболени 18 деца до деветгодишна возраст.

Микиќ информираше и дека сите деца засега се со лесна клиничка слика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четири медицински сестри позитивни на коронавирусот во Куманово

Во Домот за стари лица во Битола заболено едно лице од корона вирусот

Притвореник во Шутка починал од срцев удар, но постсмртно се покажал позитивен на корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не е најден пиштолот на обвинетиот Боре Видевски

Редакција

Живко Мукаетов и Роберт Стевановски нови членови на Одборот на директори на Македонија 2025

Редакција

Продолжува протест на вработените од Управата за матични книги

Редакција