Вчера во Македонија се регистрирани 29 нови случаи на заболени со коронавирусот, со што вкупниот број се искачи на 599 лица.
“Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 40-49 години (9), а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 18 женски и 11 машки лица.
Хоспитализирани се 3 лица, а останатите се на домашно лекување. Нема нови испишани оздравени лица по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2.
Кај 12 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).
Вкупно 18 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а едно лице има историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).
Тестирани се вкупно 386 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Позитивни се 29 или 7,5% од тестираните“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Мапа) Детален преглед: Број на заболени со коронавирусот по градови
Дури 69 здравствени работници во Македонија заболени со коронавирусот
Прв функционер во Македонија: Градоначалникот на Чешиново-Облешево позитивен на коронавирус