еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Детален преглед: Каде скрати пари Владата за да најде 3,4 милиони евра за референдумот?

Собранието на Република Македонија јаусвои одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите со кои кај Државна изборна комисија, се отвара нова потпрограма – референдум во износ од 210.400.000 денари(околу 3,4 милиони евра)..

На сметка на одвојувањето на овие средства, Владата со оваа одлука реши да скрати пари од повеќе ставки.

Во Буџетот на Република Македонија за 2018 година, во посебниот дел во прва потколона од колоната расходи на Основен буџет, се врши прераспределба на средства. Кај Влада на Република Македонија патните и дневните расходи се намалуваа за 1.000.000 денари.

Ставката привремени вработувања се намалува за 1.000.000 денари, ставката разни трансфери се намалува за 1.000.000 денари, ставката економска промоција – патни и дневни расходи се намалува за 4.400.000 денари, ставката унапредување на локална и регионална конкурентност во областа на туризмот – разни трансфери се намалува за 13.000.000 денари.

Кај Службата за општи и заеднички работи на Владата на РМ во потппрограмата изградба и реконструкција на административни згради на државни органи, ставката други градежни објекти се намалува за 20.000.000 денари.

Во разделот – Министерство за финансии – функции на државата, во потпрограма 20 – Функции, ставката – разни трансфери се намалува за 60.000.000 денари.

Во разделот – Министерство за економија, во потпрограма поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи, ставката разни трансфери се намалува за 5.000.000 денари.

Во разделот – Министерство за животна средина и просторно планирање, во потпрограма – Инвестиции во животната средина, ставката други градежни објекти се намалува за 5.000.000 денари.

Потпрограмата – мониторинг и заштита од аерозагадување, ставката – купување на опрема и машини се намалува за 5.000.000 денари.

Кај Министерството за транспорт и врски, во потпрограма – жичара, ставката други градежни објекти се намалува за 20.000.000 денари.

Кај Мининистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во потпрограма земјоделство, ставката капитални субвенции за претпријатија и невладини организации се намалува за 5.000.000 денари.

Кај Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во потпрограма рурален развој, ставката капитални субвенции за претпријатија и невладини организации се намалува за 10.000.000 денари.

Кај Министерство за труд и социјална политика, во потпрограмата минимална плата, ставката разни трансфери се намалува за 10.000.000 денари.

Кај Министерство за образование и наука, во потпрограма преведување и печатење на стручна литература, ставката договорни услуги се намалува за 5.000.000 денари, во потпрограма проект за превод на книги од реномирани автори, ставката договорни услуги се намалува за 5.000.000 денари.

Во разделот финансирање на дејностите од областа на културата, во потпрограма голема концертна сала за Македонската филхармонија, ставката други градежни објекти се намалува за 8.000.000 денари, а кај мултилтидисциплинарни програми, ставката разни трансфери се намалува за 8.000.000 денари.

Во потпрограма одржување на објектите и опремата во областа на културата, ставката други градежни објекти се намалува за 10.000.000 денари.

Кај Министерството за здравство, потпрограма изградба на ПЕТ Центар, ставката купување на опрема и машини се намалува за 10.000.000 денари и ставката други градежни работи се намалува за 4.000.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинение за 11 лица за „Двојник“, се истражува вмешаност и на други вработени во МВР

Редакција

(Фото) Нова зима, стари проблеми: Алармантно загадување во Аеродром и Лисиче

Редакција

Трето издание на Охридскиот вински фестивал од 27 до 29. јуни

Редакција