Во Собранието помина предлог законот за изменување и дополнување на законот за возила со кој се воведуваат и програми за субвенционирање на дел од трошоците за: купување на возила на електричен погон или хибридни возила, за вградување на уреди за погон на ТНГ или друг вид на алтернативно гориво и за купување на ново возило со одјавување на старото возило.
Министерот за економија Крешник Бектеши неодамна соопшти дека сите граѓани што имаат возила со стандард ЕУРО 2 и 3 ќе можат да се откажат од тие возила и да купат возила со стандард ЕУРО 5 и нагоре, со субвенции од државата.
Тој додаде дека за возило чија вредност нема да надминува 10 до 12 илјади евра, субвенцијата е до 3.000 евра. Бектеши посочи дека граѓаните ќе може да го заменат старото возило и на автоплацевите каде што се продаваат увезени половни автомобили, под услов тоа да има најмалку ЕУРО 5 стандард.
Во законот пишува дека со програмите за субвенционирање предвидено е од буџетот да се одвојат се финансиски средства во износ од 170.000.000 денари во 2019 година односно околу 2,7 милиони евра, 245.000.000 денари во 2020 година и 320.000.000 денари во 2021 година.
Инаку, со овој закон се воведува еколошка категоризација на возилата и во зависност од годината на производство и европските Еуро емисиони стандарди на нивните мотори. Се добива еколошка налепница во три бои (зелена, жолта и црвена) за секое возило кое е во сообраќај на патиштата.
Целиот закон ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Многу кандидати за субвенциите од 2,7 милиони евра: Дури 269.000 возила се постари од 18 години