еМагазин
Image default
Бизнис

Детален преглед: Работодавачите ќе добиваат субвенции за покачување на платите од 600 до 6.000 денари

Министерството за труд и социјална политика го објави нацртот на предлог-законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување на работодавачите кои ќе ги зголемат платите на работниците од кој може да се види дека субвенции ќе се добиваат за покачување на платите од 600 до 6.000 денари.

„Највисокиот износ за кој се одобрува субвенција на придонес е зголемување на нето плата до 6.000 денари месечно по осигуреник.

Најнискиот износ за кој се одобрува субвенција на придонес е зголемување на нето плата во износ од 600 денари месечно по осигуреник“, пишува во нацртот на предлог-законот.

Во него се дефинира и процедурата за добивање субвенции.

Работодавачот во Месечната пресметка за интегрирана наплата што ја поднесува до Управата за јавни приходи, согласно со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, гo означува осигуреникот за коj бара субвенционирање на социјалните придонеси.

Управата за јавни приходи врши контрола на Месечната пресметка за интегрирана наплата  во однос на  условите од членовите 4, 5 и 6 од овој закон и ја одобрува  Месечната пресметка за интегрирана наплата.

Доколку се исполнети условите од законот, Управата за јавни приходи ја потврдува  Месечната пресметка за интегрирана наплата  и издава Декларација за прием со прифаќање на податоците и Збирен налог за плаќање намален за одобреното субвенционирање на придонесите.

Доколку не се исполнети условите, Управата за јавни приходи ја одобрува Месечната пресметка за интегрирана наплата без одобрување на субвенционирање на придонесите со информација за причината поради која не е одобрено субвенционирање на придонесите.

Заради субвенционирање на придонесите Управата за јавни приходи обработените податоци од ставот (2) на овој член ги доставува до Министерството за труд и социјална политика, најдоцна до 10-ти во месецот за сите одобрени субвенции на придонеси во претходниот месец.

Износот за одобрените субвенции  на придонеси во претходниот месец се исплаќа преку Министерството за труд и социјална политика, најдоцна до 25-ти во тековниот месец.

„Средствата за субвенционирање на придонесите се обезбедуваат од Буџетот на Република Северна Македонија.Начинот на субвенционирање на придонесите го пропишува министерот за труд и социјална политика во согласност со министерот за финансии“, пишува во документот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Објавен предлог-законот: Кои работодавачи ќе добијат субвенции за зголемување на платите?

Со нов закон ќе се одредат условите за субвенции за повисоки плати

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Триглав Осигурување воведува осигурување на малигни заболувања

Редакција

„Современ дом“ ја зголеми добивката

Редакција

„МЖ–инфраструктура“ вработува 24 лица, плата до 28.402 денари

Редакција