На 02.02.2020 околу 10.15 часот пред црквата „Св.Спас“, кај Градските гробишта во Велес, полициски службеници при преземање на службени дејства биле физички нападнати од четири лица, информира МВР.
Едно од нив на полицискиот службеник Е.М.(46) му го одзело службениот пиштол и пукало кон него. Е.М. бил префрлен во здравствена установа во Скопје за укажување на лекарска помош.
Тројца од напаѓачите се приведени во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Претходно од велешката болница соопштија дека полицаецот бил застрелан четири пати во стомакот и еднаш во коленото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.