еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

20 нови случаи на заболени од корона вирусот, од кои 16 во Скопје

Во изминатите 24 часа направени се 744 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-16, Куманово 2 и Прилеп 2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.941, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 417.

Последната дистрибуција по градови е Скопје – 701, активни 189, Куманово – 425, активни 26, Дебар – 51, активни 0,  Штип-38, активни 3, Прилеп –208, активни 53, Тетово – 165, активни 70, Струга – 71, активни 4, Велес – 127, активни 45, Битола –28, активни 7, Охрид –21, активни 6, Кавадарци – 5, активни 0, Гостивар –21, активни 4, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 3, активни 1, Крива Паланка- 6, активни 1, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 0, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 0, Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 1. Делчево-1, активни 0, Валандово -1, активни 0, Виница – 3, активни 1, Кратово-2, активни 1, Берово-1, активни 1, Свети Николе-1, активни 1.

“Направените 744 теста се преку: Институт за јавно здравје –462, Ветеринарен факултет -28, Авицена –38, Биотек -37, Филип Втори (Жан Митрев) –38, Систина со PCR метода  22-  и МАНУ -119.

Досега во земјата се направени вкупно 24.762 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 4 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 55 пациенти. На кислородна поддршка се 32, на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 20 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 5, на домашно лекување се следат уште 4 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани  44 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска протест на средношколците и студентите

Редакција

(ВИДЕО) Обвинетиот пратеник Љубен Арнаудов бара 50 евра за изјава

Редакција

Угостителските објекти ќе работат до 22, а не до 20 часот

Редакција