еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Доктор Беќаровски за новите мерки: Во лифт се осеќам побезбедно кога се возам со вистински прележан од Ковид-19, отколку со комплетно вакциниран

Доктор Нико Беќаровски на Фејсбук ги сподели своите ставови за новите предлог-мерки за справување со пандемијата на Ковид-19.

“Голем дел од Вас драги пријатели и почитувани новинари, изминативе два дена ме замоливте за мое лично мислење по најновите предлог мерки за заштита од Ковид-19.

Ви благодарам за укажаната доверба и ќе се обидам во рамките на моето скромно знаење, најискрено и најодговорно да Ви го пренесам своето мислење:

Природно стекнатиот имунитет по секоја инфективна болест е најдобриот имунитет.(за жал некогаш цената е прескапа).

Вистински прележаните болни од Ковид-19 се ДРАСТИЧНО обесправени со новите антиковид мерки.

Ставањето на вистински прележаните болни во иста група со невакцинираните непрележани граѓани е медицински неоправдано !!!!

Во лифт се осеќам побезбедно кога се возам со вистински прележан болен од Ковид-19 во последните 6 месеци, отколку со комплетно вакциниран од пред шест месеци.

Сите прележани од Ковид-19 со релевантен тест за антитела би требало да добиваат ковид пасош, кој би се обновувал на секои три месеци, ако нивото на антитела е задоволително (вредноста би ја одредиле нашите имунолози).

Кај сите постари лица од 50 години, кои во меѓувреме не заболеле од Ковид-19, како и кај сите заболени од имунокомпромитирачки болести давањето на бустер доза е медицински оправдано.

Вакцинацијата на комплетно здрави малолетни лица нема реална медицинска индикација, а кај лица од 18-30 години е пожелна, но не и неопходна.

Масовната вакцинација се уште е најдобар и единствен начин за сузбивање на пандемијата, иако не ги исполни сите очекувања.

Вакцините се најголемото достигнување во современата медицина во последните 150 години.

Почитувани мои, можеби грешам, можеби не сум 100% во право, но ова е моето моментално мислење врз основа на достапните релевантни студии кои ги читам во изминативе 20 месеци и врз основа на моето 32 годишно искуство како лекар“, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Д-р Даниловски: Новите мерки немаат никаква смисла

Д-р Пановски за новите мерки: Три пати дарува крвна плазма, спасува животи и има 32 илјади антитела, а државата му брани да оди на работа?!

Доктор Пановски за новите мерки: „Младите се снајдоа, имаат сертификати од други лица и влегуваат каде сакаат“

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќето машки, 22 лица се со хронична и здравствена состојба, детали за новозаболените од коронавирусот во Македонија

Редакција

Клиника „Жан Митрев“: Целосно соработуваме со институциите

Редакција

Радев го назначи Стефан Јанев за нов привремен бугарски премиер, на местото на Захариева доаѓа Светлан Стоев

Редакција