еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Државата не знае колку точно медицински отпад се создава, количините на пријавен и согорен не се совпаѓаат

Во депонијата „Дрисла“ се врши внатрешна ревизија со цел да се видат сите движења на финансиите, информираше денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој со претставници од Министерство за животна средина и просторно планирање беа во посета.

„Наидуваме на чудни работи, луѓе коишто живеат во Австралија се воделе како вработени овде и им била давана плата. Работиме и на тоа да ја оспособиме машинеријата што ја имало јавното претпријатие пред да стане приватно со цел трошоците за изнајмување градежни машини што било пракса во минатото да ги избегнеме или намалиме.

Заедно со тимот и со директорот Коста Начевски сме во разработка на план за набавка на нов стерилизатор, кој според моите очекувања може да биде ставен во употреба во април годинава и да се доврши договорот кој за жал никогаш не беше реализиран од приватните партнери. Во разговори сме и за гасовите што се создаваат овде, да биде изградена постројка со која од тие гасови ќе се произведува електрична енергија“, рече Шилегов.

Тој информираше дека битолската фирма „Еко клуб“ лани до Дрисла транспортирала 4.700 килограми медицински отпад, а само во јануари, откако Градот Скопје располага со материјали за неправилности во работењето, транспортирала 1.900 килограми.

Извештајот од спроведената контрола вчера на инсталацијата на „Еко клуб“ во Металски завод Тито за третман на медицинскиот отпад, од Државниот инспекторат за животна средина се чека, а вонредната контрола, пак, спроведена на 12 декември на „Еко клуб“ од страна на инспекторатот, не покажала неправилности.

Хисни Тачи од Државниот инспекторат информираше дека четири фирми имаат дозвола за собирање и транспорт на медицински отпад и на нив редовно се прави контрола на нивното работење.

„Здравствените институции, согласно законот се обврзани до Министерството за животна средина да пријават колку медицински отпад создале. Во 2018 година здравствените институции пријавиле 735 тони медицински отпад, а во Дрисла бил согорени 989 тони, што е разлика од 254 тони. Количините на пријавен и согорен отпад ниту една година не се совпаѓаат, а тоа е показател дека не се знае колку точно медицински отпад се создава во Македонија,“ рече Тачи.

„Дрисла“ е единствената депонија во Македонија која има концесија за согорување на медицински отпад.

Во скандалозното видео објавено од Град Скопје се гледа како кучиња-скитници се хранат од остатоците со медицински отпад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Телма“: „Еко клуб“ е фирмата која носела медицински отпад во „Дрисла“ и не постапила по процедури

(ВИДЕО) Скандал во „Дрисла“: Кучиња скитници јадат човечки остатоци и крв која потоа истекува во реката Вардар

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат за неговото бегство

Редакција

Кој е Ѓорги Филипов, еден од кандидатите за претседател на државата од СДСМ

Редакција

(Во живо) Демонстрати влегоа во дворот на Владата

Редакција