еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајца повозрасни македонски туристи се удавиле на плажата Спиле, кај Драч

Двајца повозрасни македонски туристи денеска напладне се удавиле на плажата Спиле, кај албанскиот пристанишен град Драч.

– Околу 11:25 часот на плажата Спиле, двајца македонски државјани се удавија. Според првичните сознанија причина се големите бранови и срцев удар. Станува збор за М.М (79) и Ц.М.(78), стои во полициското соопштение.

Генералнот секретар на албанската федерација на спасувачи на вода, Гент Ласаку, за „Њуз 24“ изјави дека двајцата туристи се капеле на јавна плажа и биле дел од туристичка група од Северна Македонија.

– На двајцата туристи им беше направена срцева масажа, но не беше можно тие да се вратат во живот. Набљудувачот интервенирал кога најпрво видел едно од телата.

Но, кога влегол понатаму во морето, ги видел двете тела. Причината за давењето е срцев застој. И двајцата се мажи. Изразувам сочувство до нивните семејства, рече Ласак.

Според него, плажата каде што биле немала надљудувачи, туку интервенирал набљудувач од соседната плажа.

– Срцева масажа правеа лица присутни на плажата, а потоа интервенираше и првата помош. Обезбедена е специјализирана помош со најновите апарати. Не беше можно да се вратат во живот со нивните поставувања. Дефинитивно потребен е набудувач на секоја плажа, бидејќи тие обезбедуваат специјализирана помош, додава тој.

Речиси во исто време на плажа во Велипоја се удавил косовски турист на 59-годишна возраст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајцата Македонци што се удавија во Драч се од Битола, едниот имал срцеви заболувања

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

490 казни за неносење маска

Редакција

Почнува божикниот пост: Во кои денови се пости строго, а кога се дозволени масло и риба

Редакција

Од 1. јули секое домаќинство и фирма ќе може да постави фотоволтаик и да ја продава произведената струја

Редакција