Дирекцијата за заштита и спасување и вчера продолжи со воздухопловна поддршка и целодневна акција за гасење на пожари во значаен дел од Македонија.
Со направени 12 летови и исфрлени 30 тони вода дејствуваше во местото Орашец во општина Чашка, местото Рамно кај Самоков општина Македонски Брод и во Ново Село, Струмица.
Како што соопштуваат од Дирекцијата за заштита и спасување, со целиот свој капацитет и материјално-технички и човечки ресурси, активно учествуват во справување со огнената стихија во земјава.
-И покрај секојдневните апели, предупредувања, забраната за движење на физички лица во шуми и шумски подрачја, пожарите и денеска дивеат низ целава земја. Затоа, уште еднаш испраќаме апел за активно вклучување на сите институции како на локално, така на централно ниво во заштита на шумите и природните ресурси на нашата земја, стои во соопштението од ДЗС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Македонија има само три авиони за гасење на пожари
Пожари секој ден: Кој тоа си ја пали сопствената држава и сака да предизвика криза?
Фото: ДЗС