еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Ќе аплицираме преку Интернет и ќе плаќаме по 7 евра за да влеземе во земјите од ЕУ

По модел на САД, Европската унија воведува систем на регистрација за влез на нејзината територија преку системот ЕТИАС, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Парламентот и Советот на ЕУ постигнаа договор вчера за овој предлог, кој предвидува создавање на централен систем за регистрација преку поврзување на сите релевантни бази на податоци на ЕУ и треба да биде оперативен идната година.

– Целта на системот ЕТИАС е борба против нелегалната миграција, заштита на јавното здравје, зајакнување на внатрешната безбедност и помалку чекање на границите кога треба да се идентификуваат лицата, велат од Европската Комисија.

Системот се однесува на граѓаните од трети земји за кои не се потребни визи за престој во Шенген зоната за три месеци, но тие од 2022 ќе треба сепак претходно да се регистрираат и да добијат авторизација за патувања откако ќе бидат анализирани нивните податоци и ќе се одлучи дали претставуваат ризик за безбедноста во ЕУ. Ова не се смета за нов визен режим во ЕУ.

Патниците од трети земји што ќе сакаат да влезат во ЕУ или Шенген ќе треба да ја пополнат апликацијата на интернет и да платат седум евра.

Европската комисија очекува 95 отсто од барањата да бидат прифатени, а дозволата ќе важи три години за повеќе влезови.

МИА/Фото: Photo by Lukas Souza on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се Македонците Аријана и Бојан Коскарови кои се најдоа на престижната листа „30 под 30” на Форбс

Редакција

Бугарскиот премиер Јанев испратил помош за пожарите во Македонија оти жителите во блискуграничните градови дишеле чад

Редакција

Совет на амбасадори: ЕУ да не го условува почетокот на преговори со донесување уставни промени

Редакција