еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе ги однесе ли коронавирусот Куманово и Скопје во карантин како во Дебар?

Од општината Куманово последниве денови континуирано се бара и во овој град, како во Дебар да се прогласи карантин. Освен во Куманово и во Скопје периодов константно се зголемува бројот на заболени со коронавирусот.

Според последните податоци, објавени вчера бројот на заболени со вирусот во Дебар стагнира и изнесува 47 лица, во Скопје расте и изнесува 195, како и во Куманово, каде моментално изнесува 62.

Властите велат дека моментално нема потреба за прогласување на карантин во Куманово, а посебно не во Скопје.

Една од причините за тоа е се уште ниската кумулативна инциденца, која го покажува бројот на заболени на 100.000 жители.

Според последните податоци кои ги објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) највисока е кумулативната инциденца во Дебар, 169,3, во Куманово е 43,5, додека во Скопје инциденцата е 31,6 на 100.000 жители.

Каква е состојбата во другите места низ Македонија погледнете на мапата:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кумулативната инциденца во Дебар 169,3 во Куманово 37,8, во Скопје 29,6: Заболени со коронавирусот по градови

Споредено со податоците на ИЈЗ кои еМагазин ги пренесе вчера, за анализата на истите за податоци од завчера се забележува раст на инциденцата во Скопје и Куманово, а истата стагнира во Дебар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројот на заболени здравствени работници со коронавирусот во Македонија порасна на 41

110 лица од заболените со коронавирусот во Македонија биле без изразени симптоми

Кај 97 лица од заболените со коронавирусот во Македонија се присутни хронична и здравствени состојби

Раст на бројот на заболени со коронавирусот по скопските општини, како изгледа мапата

Фото: Град Скопје/Графика: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се прават прегледи и се земаат брисеви од притвореници и персонал во Истражниот затвор во Шутка

Редакција

Владата најави изградба на базени во 14 поголеми општини во државата

Редакција

Повеќе интерес за трета, отколку за прва доза вакцина против Ковид-19

Редакција