еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Ќе го тргне ли Бугарија ветото: Заев на средба со Фон дер Лајен, Мишел, Радев и Вархеј во Брдо

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска во рамки на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо, Словенија имаше работен доручек со премиерот на Словенија, Јанез Јанша, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеј, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и бугарскиот претседател Румен Радев.

Како што информираа од Владата на средбата била потенцирана важноста на проширувањето на ЕУ со земјите на Западен Балкан, и било поздравено тоа што за Брисел и натаму проширувањето на Унијата со земјите од регионот останува стратешки приоритет, што се очекува да биде нотирано и во денешната декларација од Самитот.

Премиерот Заев на средбата потенцирал дека народите на Западен Балкан очекуваат декларациите на ЕУ да се преточат во дела, и дека ако ЕУ не дејствува, разочарувањата кај народите од регионот ќе бидат непоправливи и на огромна штета на големата европска идеја за заедништво и соработка.

Словенија од денеска е домаќин на Самитот на кој присуствуваат шефовите на држави или влади на земјите-членки на ЕУ и нивните колеги од Западен Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема основа за промена на бугарската позиција за Македонија, порача потпретседателката Јотова пред Самитот во Словенија

РСЕ: Во нацрт-декларацијата на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија стои поддршка за проширувањето, но со ригорозни услови

Фото/видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Активни три поголеми пожари: близу „Јасен“, над селата Дивље и Крушје и во прилепско Топлица

Редакција

Поради некомплетна документација, Мијалков за сега останува во Шутка

Редакција

Апликацијата МојДДВ достапна и за корисниците на Ајфон, еве од каде да ја преземете

Редакција