Денеска собраниската Комисија за политички систем по брза постапка, без преставниците на ВМРО ДПМНЕ ги усвои измените на Кривичниот законик (ЗК), во првото читање, предложени од група пратеници од владејачкото мнозинство, а кои се однесуваат на членот 275 в за висината на казната.
Со измените на Кривичниот законик во член 275 в се намалува затворската казна за дела поврзани со злоупотреба на јавните набавки, а според одредени правници кои деновиве истите ги коментираа по медиумите, со овие измени се отвара простор обвинетите да добијат и условна казна.
Се очекува со нив да бидат опфатени случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во кои се и синот на пратеничката Владанка Авровиќ, Василије Авировиќ, која е дел од Независната пратеничка група, која гласеше за старт на уставните измени, бизнисменот Сеад Кочан, близок до пратеникот Зекир Рамчиловиќ, кој исто така е дел од истата пратеничка група.
Предлагачите на измените на КЗ не се откажуваат и од измените на членот 353, кој се однесува на злоупотреба на службена положба при јавна набавка, а за кој пратениците денеска рекоа дека бил донесен од претходната власт и дека се користел за политички пресметки.
Со измени на овој член од КЗ, ќе бидат опфатени други случаи на СЈО, во кои е уште еден пратеник на Независната пратеничка група, поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, поранешните министри Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски, поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразунавање (УБК), Сашо Мијалков…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Камчев и Панделевски излегуваат од „Шутка“, добија мерка куќен притвор
Твитер „прегреа“ за амнестијата и притворот: „Правна држава, жими ашимов“
Амнестија „кому иде“: Што да кажат затворените за кражба на ќебапчиња?