еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе се сведе ли судбината на „Рекет“ на зборот на Катица Јанева против зборот на Боки 13?

Не престануваат реакциите во јавноста по вчерашното обраќање на специјалната обвинителка, во оставка, Катица Јанева со кое таа зазеде одбранбен став за обвинувањата за случајот „Рекет“ и сите шпекулации за нејзина вмешаност.

Јанева рече дека ниту свесно ниту несвесно, ниту со сторување или несторување, не ја злоупотребила должноста која во моментов ја извршува и ги охрабри правосудните органи до крај да ги расчистат сите околности за конкретниот случај.

Таа изрази очекување низ транспарента правосудна постапка да се стави крај на сите неофицијални информации со кои некој се обидувал да и наштети на нејзината чест и углед.

Можеби најважен дел од нејзината изјава е дека според нејзините информации не само Бојан Јовановски – Боки 13 туку и други лица го користеле нејзиното име и презиме за различни цели без да прецизира точно за што станува збор.

Со тоа станува јасно дека Јанева ја префрла топката кај Боки 13, кој пред да биде притворен тврдеше дека не се точни обвинувањата дека тој рекетирал бизнисмени во спрега со Јанева.

Останува да се види каква ќе биде одбраната на Јовановски во судската постапка за „Рекет“ по ваквиот став на обвинителката. Се наметнува и дилемата дали е можно сега Боки 13 да изнесе нови елементи во истрагата односно нови детали кои дополнително ќе фрлат светло врз овој случај.

Од круцијално значење за епилогот на „Рекет“ најверојатно се доказите и снимките со кои располага Јавното обвинителство и дали тие покажуваат директна вмешаност на Јанева во рекет-шемата на познати бизнисмени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Катица вика дека била злоупотребена од Боки. Време е Боки да пропее„: Твитер реакции за пресот на Јанева

„Во телефонот на Катица пронајдени необјавени селфиња на Боки13„: Твитер реакции за „изгубениот“, па најден мобилен на Јанева

Јанева: Чиста сум, не само Бојан Јовановски, туку и други без да знам го злоупотребувале моето име и презиме

Не бил изгубен: Обвинителство го обезбеди и вториот мобилен телефон на Катица Јанева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нервоза на Минхенската безбедносна конференција – ова е крај на светот каков што го познаваме

Редакција

На Груевски и понатаму ќе му се суди за „Траекторија“: Апелација го поништи решението

Редакција

44-годишен кавадарчанец починал дома, посмртно бил земен брис и бил позитивен на корона вирусот

Редакција