еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Ќе успее ли Трифун Костовски да ја извади Еуростандард банка од потешкотии?

Дали ќе успее ли еден од најпознатите македонски бизнисмени Трифун Костовски да ја извади од потешкотии неговата Еуростандард банка е дилема која се наметна откако преговорите за продажба на банката на Комерцијална банка завршија неуспешно.

Дилемата добива на значење ако се земе предвид дека наместо продажбата, компанијата „Гофи“, која е еден од мнозинските акционери во Еуростандард банка побара кредит од 10 милиони евра од Комерцијална банка, за што беше заложен имот и акции.

„Во врска со претходната објава на Комерцијална банка АД Скопје за разгледување на можноста за стекнување акции издадени од Еуростандард банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека се прекинати почетните разговори и натамошното стекнување на информации поради очигледните разлики во вреднувањето.

Наместо тоа, а на нивно барање, Комерцијална банка АД Скопје одобри долгорочен кредит во износ од 615.000.000 денари (10 милиони евра) на друштвото за трговија и услуги „Гофи“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје како должник и „Гофи груп оф фајненс енд инвестмент“ како заложен должник.

Долгорочниот кредит е обезбеден со залог од прв ред над 3.200 обични акции со номинална вредност од 1.000 евра по акција, издадени од „Еуролинк Осигурување“ АД Скопје и друг недвижен имот“, соопшти вчера Комерцијална банка преку Македонската берза.

Инаку, финансиските извештаи покажуваат дека Еуростандард банка работи со загуба и дека има проблеми со исполнување на обврските за адекватност на капиталот што ги наметнува Народната банка.

Исто така, извештаите покажуваат дека заклучно со крајот на 2018 година банката веќе e изложена повеќе отколку што треба кон повеќе правни лица, меѓу кои и Комерцијална банка.


Сега, останува отворено прашањето дали со новиот кредит од 10 милиони евра што го подигна еден од главните акционери Еуростандард банка ќе ги преброди овие негативни биланси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална нема да ја купи Еуростандард банка, но му даде кредит од 10 милиони евра на Трифун Костовски

Колку пари ќе бара Трифун Костовски од Хари Костов за продажба на Еуростандард на Комерцијална банка?

Комерцијална банка заинтересирана за купување на Еуростандард банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Биоинженерот Кунгуловски со предлози како да се добие најреалната слика за заболени со Ковид-19, а да се враќаме во нормала

Редакција

Топ 10 должници на Листата на УЈП

Редакција

Бугарија и Македонија се во интензивни разговори, наскоро очекуваме конкретни резултати, вели бугарскиот амбасадор во Тирана

Редакција