еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Единаесет новозаболени од морбили, тројца хоспитализирани

Единаесет новозаболени од морбили се регистрирани вчера, од кои тројца се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, а останатите осум се амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување, информираат од таа јавна здравствена установа.

Меѓу хоспитализираните е осуммесечно бебе од Тетово невакцинирано со бронхопневмонија, 26-годишна пациентка од Тетово вакцинирана со една доза и 36-годишна пациентка од Тетово без податок за вакцинален статус со бронхопневмонија.

На Клиниката има 26 пациенти со морбили и компликации од кои 10 се возрасни, а 16 се деца.

Од осумте заболени кои биле амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување, две се деца на возраст од една и пол година и 14 години од Скопје, а едно е петмесечно бебе од Гевгелија, кои се невакцинирани.

Останатите заболени кои биле амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување се на возраст од 21 до 36 години и за најголем дел од нив нема податок за вакцинална покриеност, посочуваат од Клиниката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите и како се пренесуваат мали сипаници

Трета жртва: Од морбили почина бебе од тетовско

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР: Секој граѓанин жртва на „Јавна соба“ да пријави во полиција

Редакција

Малиот Лис Бериша пример дека Балканот може да учи од врвните македонски доктори

Редакција

Заев се огласи од самоизолација од Струмица

Редакција