Признавањето на украинските области Доњецк и Луганск како независни држави од страна на Русија и наредбата на рускиот претседател Владимир Путин за влез на руската војска во овие два региони, веќе предизвикаа негативни импликации на светските економски текови, во време кога светот е погоден од енергетска и ковид-криза.
Индиректно и Македонија ќе биде сериозно погодена од евентуалната војна во Украина, иако со оваа земја, но и со Русија немаме некоја голема трговска размена, но со сигурност сме зависни од рускиот гас.
Според моменталните проценки, најпогодена од ескалацијата на состојбата во Украина, ќе биде токму Европа (ЕУ), нашиот најголем трговски партнер, каде извезуваме над 60% од домашното производство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин нареди распоредување на руски војници во источна Украина
(Видео) Путин ги призна украинските области Доњецк и Луганск како независни држави
Македонија меѓу најзависните земји од рускиот гас во Европа
Македонија е меѓу најзависните земји од рускиот гас меѓу европските земји, покажаа неодамнешните податоци податоците од Агенцијата за соработка на енергетските регулатори на Европската унија (АЦЕР).
Земјава, според податоците на АЦЕР е 100% зависна од рускиот гас, кој доаѓа преку Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија меѓу државите кои се најзависни од рускиот гас
Оваа зависност нема да биде надмината за брзо време, а во меѓувреме надеж за некаква независност по оваа прашање за Македонија е нејзиното учество во изградбата на гасната централа во Александрополис, Грција, од каде земјата би се снабдувала со течен гас.
Нов раст на цените
Евентуалната војна меѓу Русија и Украина ќе придонесе за нови турболенции на цените на нафтата, струјата, гасот, златото, житото…, па за очекување е истата да придонесе за нов раст на цените во светот, но и во Македонија, каде веќе има серија на покачувања, но и зголемена инфлација, која треба да се стабилизира годинава.
Колку евентуалната ескалација дополнително ќе влијае на инфлацијата и цените, останува да видиме.
Бесими: Кризата меѓу Украина и Русија може потенцијално да донесе влошување на европските пазари
Иако не сака да шпекулира, министерот за финансии, Фатмир Бесими за МИА признава дека кризата меѓу Украина и Русија може потенцијално да донесе влошување на европските пазари.
– Тоа зависи од импактот врз пазарите во Европа во делот на енергенсите, што веќе се почувствува. Може да биде полошо ако нешто се случи, ако ескалира ситуацијата и врз цените, имаме и едно и друго.
Други ескалации, зависи во која насока ќе бидат импликациите, може да има евентуален недостаток на енергија, но тоа сега за сега останува шпекулативно сценарио, вели Бесими.
Но, министерот инсистира дека во овој момент се тоа само прогнози и дека никој не може да каже со прецизност што доколку состојбата ескалира и дополнително се комплицира и со сето тоа да се влоши состојбата на пазарите.