Огромен број реакции на социјалните мрежи има по објавените три телефонски разговор меѓу Зоран Заев и двајцата руски комичари кои му се претставиле како доскорешниот украински претседател Петро Порошенко и првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг.
Иако не е прв пат комичарите Вован (Владимир Кузенцов) и Лексус (Алексеј Столаров) да изведат ваква шега и нивни жртви биле повеќе светски лидери, македонските граѓани со неверување ги коментираат објавените разговори и фаќаат сеир на отвореноста на премиерот Заев.
Ви пренесуваме дел од реакциите на „Твитер“:
На Груевски ни пранкстери не му се јавуваа…е до толку бевме назад и изолирани од светот…
— Мицоципрас (@prkosot) July 9, 2019
Пиар мајка стани, 10 саат е, премиерот ти е на сите портали
— Штрудла (@balerinamina3) July 9, 2019
Заев: Зборено е со Порошенко и со Столтенберг.
— Мартиан (@MartianFromMKD) July 8, 2019
Од сигурни извори, утре премиерот Заев ќе добие повик од кралицата Елизабета II.
— Тетка Ики (@Tetkicai) July 8, 2019
Во цела оваа фрка со тролови, не заборавајте дека Заев прими орден и од принцот на Македонија и Црна Гора.
— Маче| 🇲🇰 (@Vlatko100janosk) July 8, 2019
Ало Заев?
Заев:Кој е?
Гоце?
Заев:Кој Гоце?
Гоце од работа— Радо Шишарката (@Radoshisarkata) July 8, 2019
Леле бе Зоки
До кога? https://t.co/UTkh1mE5gx— Клеопатра од Мала Речица (@CamilaVargos) July 8, 2019
Ја со женска не сум зборел саат време на телефон, не пак Заев ќе го слушам саат време кај што збори со некој.
— Man (@Goran_Man) July 9, 2019
Браво Заев како збориш со светски лидери алал да ти е. Едно сте
— Abby Whether (@PravednaTavita) July 9, 2019
Јас да сум Заев ќе им го пуштам разговорот и со Моника Белучи, како контра удар!
— Volko Sit Ovci Kup (@SitKup) July 9, 2019
Кога на Заев троловите му рекоа дека за „уан хандрит таузен јурос “ ќе добие „афтокефалити“ pic.twitter.com/cruh4aUcS6
— Ага без ресор (@Ljube_A) July 8, 2019
Шо вика Катица има ли ги овие разговори на Заев во бомбите кај неа во архива?
— Адмирал (@vodacot) July 8, 2019
Кој знае колку стоел мирно до телефонот кога зборел со Столтенберг.
— ДОРЧО (@Dorcobre) July 9, 2019
Ај проверете кај се јавувал вчера овој, под итно!
🤣🤣🤣🤣🤣 https://t.co/hcj3mS4w5j— effo (@Effo_Antivirus) July 9, 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Аудио) „Жртви“ на руските комичари освен Заев биле и Макрон, Ердоган, Столтенберг…
Заев на „лажните“ Порошенко и Столтенберг им дал телефонски броеви од Вес Мичел и Рамуш Харадинај
(АУДИО) Руски комичари три пати разговарале со Заев преставувајќи му се како Порошенко и Столтенберг
Фото: Влада