еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Еуростандард банка одговори на Комерцијална банка во врска со купувањето

Еуростандард банка АД Скопје денес ја извести Комерцијална банка АД Скопје во врска со нивното обраќање до нас за првичниот интерес за стекнување со нашите акции, информираат од банката.

„Акционерите на Еуростандард банка АД Скопје ги задолжија органите на управување на банката да пристапат кон предходна постапка за размена на информации со цел за успешно стекнување на акциите.

Овој процес ги засилува вложувањата на Еуростандард банка АД Скопје во развој на своите услуги и продукти и да ја следи својата мисија за континуиран напредок и развој на своето работење во сите негови сегменти, почнувајќи од човечкиот капитал, технологијата, разновидноста на своите производи и услуги, секогаш имајќи ги во фокус своите клиенти, задоволување на нивните финансиски потреби и секако, нивната успешност“, се вели во соопштението на Еуростандард банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка заинтересирана за купување на Еуростандард банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски-Санчез: Шпанија останува важен партнер на Македонија на патот кон ЕУ

Редакција

Продадени три стана и гаража на Мијалков за 332 илјади евра

Редакција

Петровска ќе поднесе претставка до Комисија за спречување и заштита од дискриминација

Редакција