Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на својот Твитер-профил објави дека Европската унија ќе го затвори својот воздушен простор за руски авиони
„Предлагаме забрана за сите авиони во руска сопственост, оние кои се регистрирани во Русија и се под руска контрола. Овие авиони повеќе нема да можат да слетуваат, полетуваат или летаат над територијата на ЕУ.
Тоа ќе важи за секој авион, вклучувајќи ги и оние приватните во сопственост на руските олигарси“, пишува Фон дер Лаен.
Таа најави и дека ЕУ за прв пат ќе финансира купување и испорака на оружје и друга опрема за Украина.
Додаде дека ЕУ ќе се обиде да ја забрани работата на медиумите во сопственост на Русија во Унијата и ќе воведе санкции кон Белорусија.
First, we are shutting down the EU airspace for Russian-owned, Russian registered or Russian-controlled aircraft.
They won’t be able to land in, take off or overfly the territory of the EU.
Including the private jets of oligarchs. pic.twitter.com/o551M9zekQ
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) February 27, 2022
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Канада го затвори својот воздушен простор за руските авиокомпании
Забранет влез за руските авиокомпании во воздушниот простор на Македонија
Фото/видео: Твитер/Фон дер Лаен