еМагазин
Image default
Бизнис

Фабрика Карпош лани со добивка

Фабрика Карпош АД Скопје за период од јануари-декември 2022 година оствари позитивен финансиски резултат прикажан во поединечниот неревидиран Биланс на успех, информираат од таму преку Македонската берза.

-Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на производи (реализација) на големо на домашен пазар, приходи по времени ситуации, приходи од продажба на станови, се во вкупен износ од 752.635 илјади денари.

Остварената нето добивка по оданочувањето за периодот 01.01-31.12 2022 година изнесува 28.684 илјади денари.

Со оглед на недовршеното производство или производството во тек кое произлегува од станбен комплес Александрија (проект за изградба на станови кои ги гради Фабрика Карпош) со издавање на фактури на купувачите на станови по продажни цени, залихата ќе се валоризира и ќе го зголеми приходот на компанијата.

Вкупните расходи во најголем дел се однесуваат на трошоци на продадени производи и услуги и истите изнесуваат 522.806 илјади денари. Финансиските расходи по основ на камати се во износ од  8.591 илјади денари во извештајниот период, велат од Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фабрика Карпош со добивка во првите девет месеци

Фабрика Карпош во првите три месеци од годината со загуба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈСП купи гориво од Пуцко петрол во вредност од 26,8 милиони евра

Редакција

„Орбита ИНВ“ е нов сопственик на Топланата “Скопје Север“

Редакција

Општина Гостивар склучи договор со “Насир туризам Абдулаќим“ вреден 597,5 илјади евра

Редакција