Во приватна посета денеска во Струмица е поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас.
Тој е во Македонија на покана на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ципрас на гости кај Заев во Струмица
-Добредојде во Струмица за другарот Алексис Ципрас, кој денеска ми е на гости во приватна посета.
Се потсетуваме на нашите заеднички напори и придонеси кон мирот и стабилноста на Балканот и разговараме за предизвиците пред кои регионот е денес исправен.
Особена чест ми е што пријателството меѓу Северна Македонија и Грција и моето другарство со Алексис преминуваат во трајни и скапоцени вредности, напиша Заев на Фејсбук.
Фото: Заев/Фејсбук/Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.