Едно од најчестите прашања кои ги добива на интервју, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска – Давкова е поврзано со нејзиниот сопруг Благоја.
Имено во периодот од 1992 до 1994 година, Силјановска за прв пат влегува во политиката како министер без ресор. Токму од тој период потекнува и информацијата дека нејзниот сопруг добил лиценца за отварање на фришоп.
Силјановска негира дека нејзината тогашна функција помогнала да нејзиниот сопруг ја добие таа лиценца и постојано порачува дека тоа прашањето треба да го одговори тогашниот министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчковски.
„Фришопот постоел, тоа не го негирам, но не сум учествувала во никакво доделување“, рече Силјановска во интервју за телевизијата Сител.
Со Благоја е во брак триесетина години, а и тој како нејзе е правник, кој е во пензија.
Имаат две деца, ќерката Марија и синот Павле, кои се исто така правници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силјановска: Од мене, ниту било ниту ќе биде фикус, јас му припаѓам на родот на кактуси
Силјановска по изборот: Не не сум националист, јас сум за владеење на правото
Ќе ја добиеме ли првата жена претседател: Која е Гордана Силјановска Давкова
Фото: Фејсбук/Силјановска