Хотелот „Лејк вју“ се наоѓа во Отешево на Преспанско езеро во склоп на Националниот парк Галичица. Хотелските соби располагаат со wi-fi, мини-фрижидер, ТВ, балкон, сопствено купатило, клима уред. Хотелот има и сопствен паркинг и сопствена плажа со шанк.
Од спортски активности може да се изнајмат кајаци, а има и песочен терен за одбојка. Се нудат тури и до островор Голем град со глисер за максимум пет лица или може да се организира тура до островот со чамец од Стење/Коњско.
Позади хотелот на 200 метри од ресторанот има пристап до патеки за пешачење и планинарење.
Цената на соба за двајца со вклучен појадок изнесува 2.500 денари.
Повеќе информации може да добиете на Lakeview Hotel & Resort, Otesevo или @lakeviewotesevo na Instagram.
„еМагазин“ следниот период, како и до сега, ќе дава предлози за посета на убави ресторани, хотели, апартмани и дестинации низ Македонија, се со цел промоција на домашниот туристички потенцијал и за полесно да се преброди кризата која настана со корона вирусот.
фото: Фејсбук-страница Патувања низ Македонија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Предлог-место за посета по кризата со корона вирусот: Убавото и секогаш гостопримливо Крушево
(Галерија) Предлог-место за посета по завршување на кризата со коронавирусот: „Бел рај“ Миравци
(Фото) Предлог-место за посета по кризата со корона вирусот: Плажа Оревче
(Фото) Маврово, предлог-место за посета по кризата со коронавирусот