еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Прв работен ден на министерката Нина Ангеловска: Три „опасни блондинки“ дискутираа за државните финансии

Новата министерка за финансии Нина Ангеловска денеска го презема управувањето со Министерството за финансии.

Министерката оствари средба со заменик-министерката за финансии Ширет Елези и со државниот секретар Јулијана Петановска, на која беа дискутирани тековните активности на Министерството за финансии.

Инаку, Ангеловска на позицијата министер за финансии доаѓа од приватниот сектор. Таа е основач на „Групер“, компанија за е-трговија. Ангеловска докторирала менаџмент на Економскиот факултет во Скопје. Има бројни домашни и странски признанија.

Германскиот магазин „The Hundert“ ја вбројува во листата на 100 успешни жени основачи  на старт-апи, а магазинот „Forbes“ ја наградува со признанието „30 под 30“ за Европа во категоријата малопродажба и е-трговија.

Во 2017 година Ангеловска го иницира основањето на првата Асоцијација за е-трговија и станува нејзин претседател. Од 2018 година Ангеловска е член на УО на Европската асоцијација за е-трговија ЕМОТА.

Во 2019 година таа станува и член на УО на Стопанската комора на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е професионално и приватно, Нина Ангеловска, новата министерка за финансии

Нина Ангеловска стана првата жена министер за финансии

Фото: Министерство за финансии

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови девет лекови на Позитивната листа, доминираат оние за кардиолошки заболувања бидејќи се најчести

Редакција

Каков имот пријавил судијата Јово Вангеловски

Редакција

Комисијата за односи со верски заедници распиша тендер за купување возило

Редакција