Еден од кандидатите за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Влатко Ѓорчев по дести пат присуствуваше на Молитвениот појадок во Вашингтон, организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп.
Како што информира на својот Фејсбук профил, имал средба и разговор со државниот сектетар на САД и шеф на Стејт Департментот Мајк Помпео, како и со сенаторот Тед Круз.
„Секретарот Помпео е меѓу најблискуте соработници на претседателот на САД, Доналд Трамп. Претходно беше конгресмен (2011 – 2017) и одржува блиски контакти со своите колеги од Конгресот на САД.
Сенаторот Тед Круз лично го познавам повеќе години и се работи за еден од највликателните сенатори. Во 2016 година беше претседателски кандидат, а во 2018 година претседателот Трамп лично се вклучи во неговата кампања за реизбор во Сенатот“, напиша Ѓорчев на Фејсбук.
Овој настан се организира секоја година и ги собира членовите на претседателскиот Кабинет и Конгресот, како и многубројни гости од странство.
Молитвениот појадок се одржува првиот четврток од февруари секоја година во Вашингтон, а вообичаено присуствуваат околу 3.500 гости.
Фото: Фејсбук/Ѓорчев
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Влатко Ѓорчев -„Тоти“ со спомен кон Борис Трајковски ја почна кампањата за претседател
Каков имот пријавил Влатко Ѓорчев, првиот кандидат за претседател на државата
Кој е Влатко Ѓорчев, првиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за преседател на државата