Кога се подготвував за мојата прва посета на грчкиот остров Хидра, прочитав дека на островот се забранети автомобили и други моторни возила.
Прва мисла ми беше: „нема шанси“, сигурно скришно се возат коли, ова е само некој маркетиншки трик.
Кога стигнав таму од прва рака се уверив дека е така. Не само во населените места, туку насекаде! Низ островот можете да шетате само пешки или со брод. Дури има и многу мал број на велосипеди, кои ги користат локалците.
Разбирливо, низ островот можат да се движат возилата на пожарната, за градежни интервенции и брза помош.
Неопишливо е колку тоа е добро, посебно кога на човек му треба вистински одмор и комплетна слобода да се движи каде и кога сака.
Да не си магаре на Хидра
Е за да ние туристите, а и локалците уживаме во оваа, работите околу транспортортот ги вршат претежно магарињата и по некој коњ.
Да не си магаре на Хидра. Ќе те товарат и со градежни материјали, телевизори, цевки, куфери… Е, да на островот немаат Анима мунди.
Другата опција се количките кои ги влечат луѓе, која и не е баш некоја пожелна професија, но барем добро се плаќа.
ПРОДОЛЖУВА….
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Мега-галерија) еМагазин на Хидра: Идеален остров за романтика, а богами и за слабеење