еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Галерија) Свети Николе го има најголемото велигденско јајце во земјава: Високо е три метри

За најголемиот празник на христијаните Велигден, на градскиот плоштад во Свети Николе е поставено големо велигденско јајце со мотиви од црквата Свети Никола и заштитникот на градот, Свети Никола.

Како што информираат од Општината, јајцето е високо три метри, а широко 2 метри.

Тежи 600 килограми.

Јајцето го изработија жители на Свети Николе:

Иле Панајотов кој со математичка и професионална изработка го изработи велигденското јајце, а магијата претворена во уметност беше во рацете на Маја Ефтимова Стојанова и целиот тим зад неа од надарени, неуморни, мотивирани, посветени луѓе: Иле Михајловски и Сања Накова, ликовните уметници Биљана Трајанова и Бојан Тосевски“, велат од Општината.

Фото: Општина Свети Николе

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како паланчикара „Сакаш?“ го прослави Илинден

Силвана Жежова

Ќе има ли предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските: СДСМ ќе пресече

Редакција

До кога „браќа“ Бугари: Прошка треба да барате наместо нови услови

Редакција