еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Го малтретирале комунистите и бил еден од првите членови на ОВК: Што пишува во биографијата на разрешениот Хазби Лика

Собранието синоќа го разреши вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика.

Што пишува во неговата официјална биографија?

Како политичар, Хазби Лика бил пратеник (2002-2003 и 2014-2016 година), заменик-министер за внатрешни работи (2003-2005 година) и градоначалник на општина Тетово (2005-2009 година).

„Основно училиште завршил во родното место. Средното образование го започнал во техничкото средно училиште во Тетово, а го завршил во Качаник. Од почетокот на неговото образование бил иницијатор и организатор на различни движења кои овозможиле настава на албански јазик.

Поради тоа, уште од најмлада возраст бил затворен и малтретиран од страна на комунистичкиот режим во тоа време. По неговото ослободување од затвор, тој го продолжува и завршува образованието во Качаник“, пишува во неговата официјална биографија објавена на веб страната на Владата.

Со високо образование се стекнал на универзитетот на Тирана (1998 година), на Факултетот за историја и филологија/албански јазик и книжевност.

„Хазби Лика е познат по учеството и организирањето на политичките и воени движења за правата на Албанците во Македонија и за независноста на Република Косово.

Веднаш по дипломирањето во 1998 година, со почетокот на војната во Косово, станува еден од првите кој одговара на повикот за слобода, како војник на Ослободителната војска на Косово.

Препознавајќи ја потребата за унапредување на правата на Албанците во Македонија во 2001 година, заедно со Али Ахмети и други истакнати активисти, ја создадоа Ослободителната национална армија. Во тој период бил познат како Командант Чела.

Подобрувањето на статусот на Албанците во Македонија и Охридскиот рамковен договор, се резултати на оваа војна“, пишува во биографијата.

„Хазби Лика како важна фигура на албанската политика во Македонија, е меѓу првите кој го започнал спроведувањето на Охридскиот Рамковен договор. Во 2002 година по завршувањето на конфликтот во Македонија, тој се појавува како основач и важна политичка сила во Демократската унија за интеграција“, стои во биографијата.

Во периодот од 2002-2005 година е избран за претседател на огранокот за тетовскиот регион, а во периодот од 2005-2009 година за претседател на огранокот за градот Тетово.

Од создавањето на Демократската унија за интеграција (ДУИ), е член на Централниот одбор, а од периодот меѓу 2009-2015 година ја врши функцијата на организационен секретар.

На 30.05.2017 година беше избран за заменик на претседател на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на Рамковен договор и политички систем.

Лика е роден на 19 април 1972 година во Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има само „Форд фиеста“ и кредит: Каков имот пријавил разрешениот Хазби Лика

Како имот пријавил поранешниот министер за финансии, Драган Тевдовски

Што пишува во биографијата на разрешениот министер Сухејл Фазлиу

Што пишува во биографијата на разрешениот министер за финансии, Драган Тевдовски

Фото: Фејсбук/Лика

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Македонија во една слика: Со оваа противпожарно возило се гасеше пожар во Гевгелија

Редакција

И рокот за замена на регистарските таблици продолжен до крајот на годината

Редакција

Специјалниот преставник на САД за Западен Балкан, Ескобар денеска во Скопје на средби со Пендаровски, Заев и Османи

Редакција