еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Голем пораст на становите ставени под хипотека, најмногу во Скопје

Дури 12.899 станови во Македонија биле ставени под хипотека во период од една година, а најголем дел од нив односно 8.480 станови се во Скопје.

Тоа го покажува споредбата на податоците од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижнини за јули-септември 2018 и истиот период минатата година.

Имено, во третото тримесечје од 2018 година под хиптека биле ставени  119.628 станови или 11,24 отсто од вкупниот број станови во земјава. Во третото тримесечје од 2019 година бројот на станови под хипотека во земјава пораснал на 132.527 станови или 12,22 отсто од вкупниот број станови во земјава.

Во Скопје во третото тримесечје од 2018 година под хипотека биле 55.821 стан или 18,01 отсто од вкупниот број станови, а во третото тримесечје од минатата година оваа бројка се зголемила на 64.301 стан или 20,28 отсто од вкупниот број станови.

Ваквите трендови укажуваат дека илјадници граѓани купуваат станови земјаќи кредити од банките или пак ги заложуваат нивните станови за да земат кредити за други намени.

Голем број од нив потоа ги губат становите поради потешкотии за редовно исплаќање на кредитите за што најдобро сведочат огласите за продажба на запленети недвижнини објавени од банките во кои има огромна понуда на нови и стари станови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Под хипотека 132.527 станови во Македонија

Становите во Карпош, Центар и Струга со убедливо највисоки „кирии“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Косово е одземено од Србија, а Русија со години ја провоцираат, вели хрватскиот претседател Милановиќ

Редакција

Обвинителство: Двајца Пакистанци и двајца малолетници од Авганистан во близина на границата со Србија, тргувале со мигранти, ги ограбувале и силувале

Редакција

Во Тетово стапуваат на сила мерките против загадување на воздухот

Редакција