еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Големо намалување: Бензините поевтинуваат за четири денари, дизелот за 3,5

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за четири денари, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 3,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на  ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 63 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 65 денари.

Литар  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 61 денар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 49,5 денари.

За 3,307 денари по килограм се намалува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и килограм од тој енергенс ќе се продава по 31,826  денари.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање
на цените се намалуваат во просек за 6,53 проценти.

РКЕ ја донесе одлуката врз основа на движењето на просечната цена на суровата нафта на светските пазари и курсот на денарот во однос на доларот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипска Апелација утре ќе одлучува по жалбите за домашниот притвор за поранешните градоначалници на Кочани

Редакција

Нови шест починати од Ковид-19 во Тетово, 104 пациенти се на кислородна поддршка

Редакција

Претседателката на ССК, Aрсовска во Истанбул: 12 светски жени лидери со пораки до Владите на глобално ниво

Редакција