еМагазин
Image default
Македонија

Грчка Ајефимерида: Од тајните фондови на грчкото МНР со 1 милион евра биле финансирани македонски и албански медиуми

Околу еден милион евра од тајните фондови на грчкото МНР биле искористени за финансирање на медиуми во Македонија и Албанија и за поддршка на православни цркви, според информациите што ги објавува информативниот грчки портал Ајефимерида (iefimerida).

Како што јави дописничката на МИА од Атина, за конкретниот текст реагираше претседателот на грчкиот Парламент и кабинетот на Ципрас, а според „Ефимерида тон синдактон“, обвинителството наредило истрага за објавување доверливи информации.

Новинарот од Ајефимерида (iefimerida) пишува дека информациите се од 10 октомври, последниот пат кога бил известен грчкиот Парламент за тајните фондови, односно една седмица пред кавгата на Каменос и Коѕијас на владината седница.

– Според информациите, во запечатениот документ што во Парламентот го донесе специјален службеник од Министерството за надворешни работи имаше три кодови, додека пак вкупниот износ ставен на располагање изнесуваше околу 1.000.000 евра. Првиот код се однесуваше на парите распределени на медиуми во Албанија. Вториот код се однесуваше на финансирање на медиуми во поранешната југословенска Република Македонија. Третиот код се однесуваше на средства што беа распределени за поддршка на православни цркви и главно на православието- објави грчкиот портал.

На прашањата на потпретседателите на Парламентот зошто биле финансирани медиуми во Македонија и Албанија, според Ајефимерида (iefimerida), било објаснето дека тоа е „за да постојат позитивни натписи за Грција и да се лобира врз тамошните новинари или раководствата на медиумите во корист на грчките интереси“.

Доцна синоќа, според „Ефимерида тон синдактон“, Обвинителството во Атина наредило итна истрага за објавување доверливи информации, по написот на грчкиот информативен портал.

Претходно, со соопштение реагираше кабинетот на грчкиот премиер, во кое вели дека „невидената бедност на порталот да објавува наводни информации за распределувањето на тајните фондови на Министерството за надворешни работи директно ги задира националните интереси“ и обвини дека зад тоа стои Нова демократија.

– Ако господинот Мицотакис сака да се информира за тајните фондови, да побара итно средба со премиерот- соопштуваат од кабинетот на Ципрас.

За објавените информации од грчкиот портал реагираше и Никос Вуцис, претседателот на грчкиот Парламент.

– Предизвикува огорченост протекувањето во медиумите на наводните „доверливи трошоци“ на МНР, но во исто време покренува и сериозни прашања за целта и стремежите на оние политичари и електронските медиуми кои ги даваат и ги објавуваат овие „вести“- вели Никос Вуцис во пишаната изјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тајни фондови на Грција: Киро Глигоров единствен кој обелодени обид за поткуп за промена на името

Оставката на Коѕијас ги врати на маса „црните пари“ и тајните фондови за името

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девет лица починале од Ковид-19, кај седум од нив регистрирани коморбидитети

Редакција

Меркел ќе ја заложела „сета своја политичка тежина“ за преговори со Северна Македонија

Редакција

Не дојдоа нејзините адвокати: Седницата на Апелација за жалбата на Јанкулоска одложена за 25 февруари

Редакција