Унгарскиот портал „Индекс“ објави дека унгарската Канцеларија за имиграции и азил по стапување во сила на т.н. Стоп Сорос закон против мигранти, од 1 јули до 21 ноември примила вкупно 165 барања за азил, од кои 88 биле одбиени, процедурата за 65 се уште трае, а 8 биле повлечени.
Позитивен одговор бил даден на четворица апликанти, а едниот од нив е поранешниот македонски премиер, сега пратеник, Никола Груевски, кој избега од Македонија, откако беше осуден на затворска казна од две години за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.
Унгарскиот Стоп Сорос закон предвидува секој што влегол во Унгарија од таканаречена безбедна земја, каква што е и Македонија, дека не може да добие азил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Политико“: Унгарските разузнавачки служби му помогнале на Груевски да избега
Колку е богат пријателот на Груевски, Виктор Орбан
Што знаеме до сега за бегството на азилантот Груевски
Фото: Груевски/Фејсбук