Регионалните медиуми со голем интерес ги следат случувањата во Македонија, поврзани со затворската казна за поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.
Речиси сите српски медиуми објавија за одбивањето на жалбите од страна на судот и дека конечно Груевски треба да се јави во затвор за отслужување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Подеднакво се пренесува и информацијата дека тој сепак го задржал пратеничкиот мандат, откако во македонското Собрание не се обезбеди двотретинско мнозинство за истиот да му биде одземен.
Во Бугарија медиумите уште подетално информираат за случајот и известуваат што тековно се случува од час во час, пренесувајќи информации од македонските медиуми.
Груевски е топ тема и во хрватските, словенечките, албанските, босанските, грчките медиуми…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски до утрово не се појавил во затворот „Шутка“
Груевски и во затвор ќе зема пратеничка плата и ќе му тече работниот стаж
Фото: Фејсбук/Груевски