еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Храна ќе има доволно: Корона вирусот “удри„ и на мелничко-пекарската индустрија

Намалена потрошувачка, намален број нарачки и неможност за реализирање на договореното, се првичните штети во мелничко-пекарската индустрија што ги предизвика состојбата со коронавирусот.

Компаниите кои се жалат и на негативни влијанија врз човечките ресурси, сепак уверуваат дека храна ќе има доволно.

– Штети има, но тие се уште не може да се согледаат зашто ситуацијата се менува секојдневно. Неблагодарно е сега да даваме некакви прогнози, особено зашто се надеваме на минорни ефекти.

Воедно очекуваме надлежните да направат сериозна анализа, да утврдат колкави се трошоците на бизнисот и соодветно да интервенираат, истакна денеска на прес-конференција потретседателот на Агро бизнис комората при Сојузот на стопански комори, Горан Ѓорѓиевски.

Според него, државата не треба да прави ништо посебно, туку само да го следи примерот на развиените земји во Европа и така да реагира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Загубите во туризмот поради корона вирусот до 80 отсто, секторот бара помош од државата

Кои се симптомите и како да се заштитите од корона вирусот?

Какви мерки преземаат светските економии за заштита од негативни последици предизвикани од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемен бројот на туристите и на ноќевањата

Редакција

На 5. октомври во Крушево песни на Тоше ќе пејат Ламбе, Антониа, Ребека…

Редакција

Фондот за осигурување на депозити исплатил 80 отсто од средствата за обесштетување на штедачите од „Еуростандард банка“

Редакција