еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Хрватска ги отвора границите за туристите: Еве под кои услови и кога хотелите ќе бидат отворени

Хрватското здружение за туризам, презентираше план за отворање на туристичките капацитети и препораки за туристички патувања во Хрватска. По влегувањето, туристите мора да имаат потврда за резервација за сместување, а на границата ќе добијат упатства за безбеден престој во земјата.

За побрзо да ја поминат границата, предвидена е и апликација која ќе овозможи воведување на брз режим за влегување. Со апликацијата, гостите однапред ќе го пријават своето пристигнување.

Во планот кој што беше претставен од страна на хрватските власти, патувањата најпрво ќе бидат олеснети за државјани на Словенија, Австрија, Чешка и Словачка, а потоа и за Германија, Полска и другите европски земји.

Најпрво до крајот на мај ќе бидат отворени камповите и некои и хотели во Истра, Кварнер, Далмација, а целосно отворање на туистичките сместувачки капацитети ќе се случи во јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Донесен здравствен протокол: Како ќе работат хотелите и туристичките објекти во Грција

Бугарија ги објави правилата за летување: Се препорачува клима уредите да се заменат со вентилатори

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во сообраќајка на патот Штип-Плачковица загина 25-годишник од Карбинци

Редакција

Мицкоски на средбата со Ескобар го потврдил ставот за уставните измени

Редакција

„Виз ер“ воведува ново премиум членство за попусти

Редакција