еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) И доктор од Итна медицинска помош од Македонски Брод даруваше крвна плазма за пациенти со Ковид-10

Д-р Кристијан Богданоски, вработен во службата за Итна медицинска помош од Македонски Брод даруваше крвна плазма за пациенти заболени од Ковид-19.

Информацијата на Фејсбук ја сподели министерот за здравство, Венко Филипче.

„Уште еден наш колега даруваше крвна плазма. Д-р Кристијан Богданоски, вработен во службата за Итна медицинска помош од Македонски Брод, дава пример што значи солидарност и хуманост.

Д-р Богданоски е еден од здравствените работници кои ја добија битката со вирусот Ковид-19 и самоиницијативно се пријави за донација. Со донација на плазма спасуваме човечки живот!

Ако сте го прележале вирусот, контактирајте го центарот за Трансфузиологја и проверете дали може да сте следниот донор кој ќе направи добро дело“, напиша Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Слаб интерес: Обезбедена конвалесцентна плазма за третман на само 31 пациент со Ковид-19

Социјалните мрежи „преплавени“ со барања за донирање на плазма од оздравени од корона вирусот

Потег за почит: Доктор од Куманово донираше крвна плазма за ресенчанец заболен од корона вирусот

Фото: Фејсбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Таблата на „Цар Борис Трети“ целосно искршена, од бугарскиот клуб објавија фотографии

Редакција

Мицкоски потврди дека бил на „Боемска“: Згрешив, но гревовите и неспособноста на власта се многу поголеми

Редакција

Најпознатите изреки на Гоце Делчев: Македонија слави 148 години од неговото раѓање

Редакција