еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

И ние си име свој Чернобил и тоа не еден: Охис, РЕК Битола…

Мини серијата „Чернобил“ која руши рекорди во гледаност, а и одлично помина кај критичарите ме врати во детството и ме потсети како моравме зеленчукот и овошјето да го миеме по неколку пати, и покрај тоа што толку многу сме одалечени од Украина.

Тогаш не ми беше јасно што всушност се случило и зошто и ние, дури во Македонија имаме проблем.

Благодарение на серијата која се базира на вистински факти, како што велат од HBO, дознав поконкретно и кој е виновен за оваа голема глобална трагедија и колку уште пострашно можело да биде.

Кога ќе ставите партиски човек на главната функција на која треба да биде научник добивате „бомба“ како Чернобил.

Ви звучи познато?

Актуелната власт има многу што да научи од оваа серија.

Серијата ме потсети и на фактот (не дека сум заборавил) дека и ние си имаме наш Чернобил. И тоа не еден.

Да не настане забуна. Македонија никогаш немала нуклеарка.

Но го имаме Охис, РЕК Битола… да не ги редам сите загадувачи, многу се.

Канцерогениот линдан од Охис стигна до центарот на Скопје, преку почвата, а преку воздухот и водата во последните 50 децении само еден Бог знае каде се. Охис не е проблем само на скопско Лисиче!

Да не ја заборавиме и згурата (отпадот) во Велес од некогашната топилница која одамна не работи, но поради неа се уште загадува. Ветерот за жал врши работа. Кој гарантира дека на пазар не сте купиле зеленчук баш од околните велешки села. Тоа не е проблем само на Велес!

И РЕК Битола не е само проблем на Биолчани!

И загадувањето во Тетово не е само проблем на Тетовчани!

Уште колку луѓе треба да умрат во Македонија како резултат на загадувањето за да тоа стане топ тема и приоритетен проблем за решавање и кај локалната и централната власт?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Сингелиќ пукано во возило со сопружници

Редакција

Убава вест: 147 оздравени од Ковид-19

Редакција

Каков имот пријавил Игор Јанушев, за кого СДСМ бара Обвинителството и ДКСК да испитаат како добил градежно земјиште на подарок вредно 325.000 евра

Редакција