Kривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите во предметот од обвинителството означен како „Талир“, донесе решение со кое го уважи предлогот и на обвинетиот Никола Груевски му определи мерка притвор во траење од 30 дена, сметано од денот на неговото пронаоѓање, односно лишување од слобода.
-Кривичниот совет при овој суд постапуваше по предлогот и го донесе горе наведеното решение по добиениот допис од претседателот на Собранието на Р.Македонија, кој во судот е примен денеска, а со кој се известува советот дека врз основа на Извештајот на Комисијата за деловничко и мандатно – имунитетни прашања, Собранието на Р.Македонија, согласно член 54 ст. 1 од од Деловникот на Собранието на Р.Македонија го одобрило барањето на кривичниот совет при овој суд за одобрување на мерка притвор против Н.Г., пратеник во Собранието на Р.Македонија, наведуваат од Основен суд Скопје 1.
Против ова решение странките имаат право на жалба во рок од 24 часа до Апелацискиот суд – Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Селфи со плакатите на Никола Груевски во Унгарија нов хит меѓу Македонците
Фото: Фејсбук/Груевски