еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Излезноста за гласањето во странство била 38,51, а во затворите 55 отсто

Излезноста на првиот круг од претседателските избори во странство, каде што се гласа ден претходно, изнесува 38,51 отсто, додека во затворите излезноста е 55 отсто, соопштија од Државната изборна комисија (ДИК).

Бројките за излезноста во странство се некомплетни, бидејќи не е завршено гласањето во Северна Америка поради различните временски зони.

Најголема излезност до 18:30 часот имаше во дипломатско-конзуларните претставништва во Берлин (64,47%), Букурешт (64,29%), Загреб, (61,11%) Сараево (61,70%) и Хаг (60%), додека најмала излезност имаше во Венеција (26,55%), Копенхаген (30,77%) и Абу Даби (30%).

На 32 гласачки места во конзуларно-дипломатските претставништва на земјава се пријавиле 1.781 гласач.

Од ДИК кажаа дека во затворите, каде што со право на глас се 1.640 лица, гласањето поминало без проблеми, а излезноста до 18:30 часот изнесува околу 55 отсто.

Гласале 3.064 болни или немоќни и седум лица во куќен притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Куќата во Битола каде е сместен бугарскиот клуб е на еврејско семејство кое е депортирано: Репортажа на германската телевизија ЗДФ

Редакција

Миле Јанакиески на суд за „Сончев град“: Продолжува судењето за „Топлик“ на СЈО

Редакција

Познат кардиохирург физички го нападнал директорот на Клиниката за кардиохирургија

Редакција