еМагазин
Image default
Македонија

Кабинет на Орбан: Европскиот парламент „го пика носот каде што не му е место“, Груевски ја спаси Европа од терористи

Европскиот парламент нема никаква врска со екстрадицијата и азилот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија, изјави Золтан Ковач, државен секретар за меѓународна комуникација во кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во интервју за телевизијата „Ехо“, Ковач рече дека постапката за давање азил на Груевски не е политичко, туку правно прашање.

– Но, Европскиот парламент, кој нема никаква врска со тој процес, сака да го гледа како политичко прашање. Мнозинството европратеници гласаа за Резолуцијата иако немаат никаква врска со случајот со Груевски, изјави Ковач.

Според него, ЕП „го пика носот каде што не му е место“. Најголемиот грев на Груевски, вели Ковач, е што изградил ограда и ја бранел Европа од тероризмот и мигрантите.

Европскиот парламент вчера во усвоениот извештај за Македонија побара од Унгарија да го екстрадира Никола Груевски. ЕП официјално зазеде став дека „Будимпешта не треба да му одобри азил на Груевски, кој побегна со дипломатска помош од Унгарија за да избегне затворска казна, бидејќи тој чин претставува мешање во внатрешните работи на Македонија.

МИА/Фото: ВМРО ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителство прибира снимки од граничните премини, од пред зградата на Груевски и собира податоци за неговите сметки

Заев ги знае сите детали за бегството на Груевски, но ќе ги соопшти на јавноста кога ќе дојде време

Колку е богат пријателот на Груевски, Виктор Орбан

Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Како функционирала 13-члената група диви археолози и шверцери

Редакција

Камбовски за барањето на Бугарија: Наша одлука е дали ќе се отвори Уставот

Редакција

МВР постапува по неколку инциденти на избирачки места

Редакција