Професорката Биљана Ангелова од Економскиот институт е новиот ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Биљана Ангелова, која е избрана за нов ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Антикорупциска комисија кога станала проректор на УКИМ.
Каков имот пријавила
Според нејзиниот анкетен лист на свое име пријавила две куќи во Скопје, едната од наследство и стан, исто во Скопје.
Вози Лексус, поседува и акции, но не навела каде.
На име на сопругот пријавила возило Сузуки.
Како заеднички имот пријавила стан во Охрид, а на име на сопругот две куќи од наследство, во Маврово и Скопје.
На свое име пријавила и девизни сметки, на едната тогаш имала 61.000 евра, а на другата 455,3 илјада денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Биљана Ангелова избрана за нов ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“