еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Какви документи и понуди разменуваат Македонија и Бугарија?

Најпрво премиерот Зоран Заев, а потоа и неговиот коалционен партнер, лидерот на ДУИ, Али Ахмети споделија информации дека зад затворени врати „течат“ разговорите помеѓу Македонија и Бугарија по неодамнешното вето.

Без да сподели детали, Заев вчера изјави дека сме блиску до договор со Бугарија.

„Како што реков, ние не сме многу далеку од договор. Само треба да ја имаме добрата волја, да гледаме позитивно и да ја имаме проектирана иднината пред нас. Верувам дека ќе случи до еве, вториот Совет на министри на ЕУ на 8, 9 или 10, кога и да е, и една средба помеѓу мене и премиерот (Бојко) Борисов, а верувам дека и нашите работни групи коишто контактираат интензивно ќе создадат и атмосфера за тоа, зборувам за двете страни.

Нормално, се развиваат идеи, се разглобува секаков вид на варијанти во духот на дигнитетот и достоинството на двата пријателски народи да се изнајде европско решение со вградените европски вредности во него. Јас верувам дека тоа е возможно.

Секако ова екстра време кое што испадна давајќи ни ја шансата за одложениот ГАК или Советот на министри е извонредна можност да бидеме паметни двете страни и да ја искористиме како можност“, рече Заев.

На прашање околу тоа за што се дискутира со Бугарија, Заев рече дека не се зборува за отстапки, туку за решенија за двете страни, но и дека му е драго дека Бугарија го признава македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

“Не зборуваме за отстапки. Се зборува за решенија на двете страни. Постојат начини како тоа да се реши.

Секако, уште еднаш потенцирам, драго ми е што Бугарија го признава македонскиот јазик и македонскиот идентитет како наша реалност, а верувам низ тие формулации ќе се изнајдат и решенијата заради тоа што постојат решенија, секако внимавајќи едни на другите како страни во договорите – ние на бугарската страна, а бугарската страна да внимава на нас. Тоа го прават пријателите и верувам дека покажеме уште еднаш дека сме големи пријатели“, рече премиерот.

Ахмети, кој исто така не откри детали, во емисијата „Клик плус“ на телевизијата 21 рече дека се разменети понуди и документи со Бугарија за кои смета дека не е време да ги сподели со јавноста, како и дека треба да се почека реакцијата од Софија.

„Мислам дека не е време да споделувам со јавноста за понудите или последните документи кои се разменети. Ќе почекаме да ја видиме реакцијата од Бугарија“, изјави Ахмети, истакнувајќи надеж дека до крајот на годинава ќе има добри вести од Софија.

Останува тајна и мистерија што двете земји „договараат“ периодов, нешто слично кога пред неколку години од грчките медиуми дознавме како ќе биде новото име на нашата држава.

Пред бугарското вето пак од австрискиот новинар Кристијан Фердинанд дознавме што договориле министерот за надворешни работи Бујар Османи, вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева со нивните германски колеги во Берлин.

Она што исто така дозна јавноста благодарение на нашиот австриски колега е дека Бугарија прво го прифатила, а потоа го одбила договорениот нон пејпер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија и Бугарија размениле понуди и документи, откри Ахмети

Заев: Не сме многу далеку од договор со Бугарија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Финансиската и стабилноста на курсот на денарот успешно се одржуваат, велат од Народна банка

Редакција

(Фото) Во Собранието изгласани новите министри

Редакција

Во блок-трансакција продадени акции од „Оилко“ за 312.000 евра

Редакција