еМагазин
Image default
Македонија

Канческа Милевска на суд: Нови рочишта за „Тендери“ и „Тарифа“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжат судењата за предметите „Тендери“ и „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство.

На судењето за „Тендери“, каде првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“, треба да бидат сослушани сведоци.

Предтходното рочиште за „Тендери“, кое требаше да се одржи на 25 септември се одложи поради остсутво на бранителите на обвинетите. Судијата Осман Шабани ги извести обвинителите дека Судот добил поднесоци од адвокатите Еленко Миланов и Сашо Дуковски дека двајцата се спречени да присуствуваат на судењето, бидејќи се единствени бранители на неколку обвинети во случајот познат како „Настаните од 27 април во Собранието на РМ“, што е притворски предмет. Шабани ги опомена бранителите дека доколку во иднина побараат одлагање ќе бидат санкционирани и им порача да си овластат заменици.

Според Кривичниот законик, доколку еден предмет што е почнат со судење и од едно до друго рочиште поминат 90 дена, треба да се започне одново, односно со презентација на материјални докази. Последното рочиште се одржа на 20 јуни, а следното што беше закажано за 13 јули се одложи поради болест на судијата Шабани. На 20 септември оваа година истече законскиот рок од 90 дена. Денеска Шабани треба да одлучи како ќе се продолжи со предметот.

Според обвиниението дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

На обвинителна клупа денеска треба да седнат и поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“  Дејан Бошковски и уште две други лица, кои се обвинети во случајот „Тарифа“. Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Евроамбасадорот Жбогар заигра на „Македонско девојче“: Му била омилена песна

Редакција

До СЕММ годинава стигнале 60-тина жалби за неетичко и непрофесионално новинарство

Редакција

Бугарија и денес не го прави тоа што треба да го прави како сосед, порача на Денот на победата над фашизмот, претседателот на Сојузот на борците

Редакција