еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Кардула: „Медена земја“ испрати моќна порака кога е повеќе од потребно, тие се победници независно од Оскарот

Графичкиот дизајнер Зоран Кардула изработи постер со филмската екипа од „Медена земја“. На овој начин продолжува поддршката од дизјанерите, за филмот.

„Денес денот посветен на „Медена земја“ и на целата екипа која покажа на целиот свет што знаат и умеат. Ги собраа сите можни награди, фали уште една која се доделува вечер, но стварно небитно дали би добиле Оскар или не тие се победници.

Испратија моќна порака до светот во време кога стварно е повеќе од потребно. Моја поддршка за вечер со постер за „Медена земја“ со цела екипа и еден меден оскар за вас, а другиот ќе го оставиме на светот како што би рекла Атиџе, се е во рамнотежата. Уживајте ништо друго не е битно во моментот го заслуживте тоа,“ пишува Кардула на неговиот фејсбук-профил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Европо, не не’ чекај“: Твитер реакции за кражбата на камерите за следење на рисот во националниот парк Маврово

Редакција

(ВИДЕО) „Бомба“ од домот на Боки13, на гости му се Шекеринска и Катица Јанева

Редакција

МНР: Да не се патува во Авганистан, тие кои се таму да си заминат во најскоро време

Редакција