еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кичеец бил вработен кај Камчев: За него пресуда утре, бидејќи призна вина за „Рекет“

Во издвоената постапка за предметот „Рекет“ која се води против Зоран Милески – Кичеец, кој денеска призна вина пред Судот, во продолжение на рочиштето адвокатот на обвинетиот Александар Новаковски достави дополнителни докази што Судечкиот совет ги прифати и предложи двете страни да ги изнесат завршните зборови.

Обвинителката Вилма Рускоска наведе дека очекува Судот да му изрече казна на обвинетиот поради неговото признание.

„Со оглед дека обвинетиот ја призна вината, предлагам Судот да му изрече казна“, рече Рускоска.

Бранителот на Зоран Милески Кичеец, адвокатот Александар Новаковски, рече дека обвинетиот од самиот почеток на процесот, имал шанса како сведок да го избегне обвинението, но тој од незнаење се довел во ситуација да биде обвинет.

„Од тој момент, тој се соочува со јавен линч. Тој е вработен во фирма на тој што го пријавил ова дело. Откако се донесе одлуката од Обвинителството тој одлучи да учествува и да го кажа сето тоа што го знае“, изјави Новаковски.

Побара Судот да има предвид дека случајот е медиумски покриен до тој степен што човек како Зоран Милески не може да издржи. Новаковски кажа дека Кичеец никогаш не бил експонирана јавна личност и не бил во состојба да се справи со притисокот.

„Судот да има предвид дека е татко на пет малолетни деца и досега е неосудуван. Тој од самиот почеток, иако не призна вина, ја зборуваше вистината пред Јавното обвинителство. Верувам дека Судот ќе го цени и признанието на вина“, изјави адвокатот Александар Новаковски.

Пресудата за Зоран Милески – Кичеец, Судот ќе ја изрече утре напладне.

На денешното прво судско рочиште за „Рекет“ првообвинетиот Бојан Јовановски се изјасни дека не чувствува вина, како и второобвинетата, поранешна јавна обвинителка Катица Јанева.

Судењето за  Јовановски и Јанева продолжува на 6 декември, за кога се повикани исказ да дадат сведоците Јордан и Ана Камчеви.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки 13: Преку „Рекет“ се водат политички борби кои паѓаат на мои плеќи, ќе сведочам за организаторот и сите помагачи

Боки 13 и Јанева тврдат дека не се виновни, Кичеец го призна делото за „Рекет“

(Фото) Со доцнење поради Боки 13, почна судењето за „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Екатимерини“: Мицотакис побарал од Заев да се почитува Преспанскиот договор ако земјата сака во ЕУ

Редакција

(Фото) Пет места што мора да ги посетите кога ќе одите во Крушево

Редакција

Најчевска: Протоколот со Бугарија е страшен и понижувачки и неприфатлив

Редакција